Минималните трошоци зголемени за 3.305 денари од почетокот на годината

За речиси илјада денари се зголемени месечните трошоци на едно семејство за април во споредба со март.
Сојузот на синдикати на Македонија денеска соопшти дека синдикалната минимална кошница во април изнесува 68.797,00 денари за разлика од март кога изнесуваше 67 818,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари.
Од почетокот на годината поточно за четири месеци минималните трошоци се зголемени за 3.305 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: