Министерката Царовска даде исказ во Обвинителството за случајот со пензиите

Откако до скопското Јавно обвинителство беше поднесена кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика против непознати сторители за неуплаќањето средства во Вториот пензиски столб на 12 илјади осигуреници, од таму и стигна покана за давање исказ. Во изјавата од минатата седмица министерката Царовска кажа дека 19 милиони евра за пензиско осигурување во изминатите десет години не се уплаќани во Вториот пензински столб.
Денес по дадената изјава министерката Царовска само кусо кажа: Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам Јавното обвинителство за сите сознанија. Таа не сакаше да изнесе повеќе детали, бидејќи постапката е во тек, а во Обвинителството била во својство на сведок.
Од Јавното обвинителство на Република Македонија, пак, соопштија:
– Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ.
Основното јавно обвинителство Скопје ќе продолжи со преземање други дејствија за проверка на наводите во пријавата.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.