Министерот Адеми е подготвен да поднесе оставка

Асаф Адеми, министерот за култура кој е во работна посета на Берлин по пораката дека ќе бидат разгледани сите одбиени апликации по реакциите во јавноста во врска со распределбата на државните субвенции во културата, сега изјави дека е подготвен да поднесе оставка на функцијата.
– За мене политичката функција апсолутно не е света. Доколку се бара моја политичка одговорност нема проблем. Од првиот ден на функцијата јас се потурдив да бидам што потранспарентен. Отворив војна против корупцијата во Министерството за култура и во сите настапи реков дека ќе се погрижам културата да биде еднаква за сите. Потранспарентна програма од оваа не знам дали некогаш имало. Комисиите, членовите на комисиите, едногласно одлучија и како што ми ги донесоа мене предлозите, јас одлучив врз основа на нив. Истите предлози беа десет пати проверени од страна на вработените во Министерството за култура и врз основа на тоа јас ставив потпис на финалното решение. За бодувањата решаваа докажани професионалци и сега целиот фокус е на мене, изјави Адеми.
При тоа тој додаде дека не е точно дека биле привилегирани Албанците, а се крателе пари за Македонците, но и дека нема да постапува под притисок на јавноста.
– Тоа апсолутно не е точно, но да се стави некој над законот, некој што секогаш земал пари од Министерсвото дека еве јас сум над сите и нема потреба да доставам кој било документ и дека тие ќе донесат одлука врз основа на притисоци од јавноста, јас тоа нема да го направам, додаде Адеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.