недела, 15 ноември 2026
Најново

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за здравство Азир Алиу во изјава за емисијата КОД соопшти дека од досега процесуираните десет компании кои поседуваат лиценци за одгледување медицинска марихуана, шест се во постапка за нивно одземање.

Алиу нагласи дека во тек е институционална процедура и дека веќе се подготвува материјал за седница на Владата, на која треба да се покрене формална постапка за одземање на шест лиценци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Од досегашните процесирани компании, десет на број, резултира дека треба шест од лиценците да ги одземеме и ние веќе сме во постапка за да може во вторник на седница на Влада да покренеме постапка за одземање на шест лиценци. Тоа значи дека голем процент од досегашните компании не ги исполнуваат условите предвидени и строго дефинирани со закон“, изјави министерот.

Тој појасни дека причините за постапките може да се поврзани со различни неправилности – од производство кое не е соодветно пријавувано, до неисполнување на пропишаните услови за работа или други пропусти. Сепак, подвлече дека процесот сè уште е во тек и дека конечните заклучоци ќе бидат донесени по завршување на анализите.

„Дозволете да завршиме за да бидеме прецизни кои се елементите што доведуваат до заклучок на стручната комисија за одземање на лиценците. Правната служба ги анализира законските и подзаконските акти за да имаме јасен правен основ“, додаде Алиу.

Министерот најави и измени во правилниците со кои се регулира дејноста на одгледување медицински канабис, со цел да се зајакне контролата и да се обезбеди поголема транспарентност во работењето на компаниите.

Имињата на компаниите засега не се објавуваат, бидејќи постапката е во рана фаза, а институциите работат на утврдување на сите факти и правни основи.

Поврзани вести