Министерот за одбрана на БиХ: 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез во програмата на „Ал Џезира Балканс“ изјави дека досега според непотврдени информации има 20 жртви во катастрофалните поплави и одрони.

Тој изјави дека се ангажирани и се обучуваат припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина, полицијата и меѓународните сили и дека има проблеми со прекин на комуникациите.

„Ќе побараме помош од меѓународната заедница и од другите земји“, додаде тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: