Министерот Филипче бара решение за проблемите на матичните лекари

Денес по свечената академија на Универзитетот “Гоце Делчев“ министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека изминатиот период имал повеќе средби со матичните лекари, кои имаат повеќе барања упатени до Фондот за здравство.
– Наидовме на силен отпор кај младите лекари во однос на барањето да се препишуваат и запишуваат пациенти на ординации, заради тоа што сметаат дека на тој начин ќе зависат од сопствениците на ординациите и нема да имаат доволно слобода да излезат сами на пазарот, да отворат свои ординации и да соберат свои пациенти. Затоа и размислуваме на некоја хибридна форма на модел таму каде што е навистина голем недостатокот на лекари, изјави Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.