Министерството за здравство информира дека медицинските тимови на здравствените установи остануваат целосно ангажирани во пружање соодветна медицинска грижа на пациентите од пожарот во Кочани. Пациентите се под постојан надзор, а понатамошното лекување следува врз основа на одлуките на медицинските конзилиуми, според соопштението на Министерството. Денес, пациентите беа распределени по здравствените установи низ државата: 52 пациенти во Клинички центар, 17 во ГОБ „8 Септември“, 12 во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“, 10 во Клиниката за токсикологија, и 7 во Аџибадем Систина. Освен домашната медицинска нега, дел од пациентите се пренесени во странски здравствени установи благодарение на помошта и соработката со меѓународните партнери: Литванија примилa 4 пациенти, Австрија и Словенија по 2, Србија 12, и Бугарија 1 пациент. Во текот на ноќта и утрешниот ден се очекува префрлање на пациенти со авиони и хеликоптери од Австрија, Грција и Хрватска. Сите пациенти испратени во странство се во стабилна состојба и добиваат постојана медицинска нега. Исто така, мобилни тимови од психијатри и психолози од ЈЗУ Психијатриска болница-Скопје и Клиниката за психијатрија нудат психолошка поддршка на пациентите и нивните семејства. Линијата за психолошка помош 078 378 754 е достапна за оние кои имаат потреба од советување. Министерството за здравство останува во постојана врска со надлежните институции и меѓународни партнери за понатамошна помош и координација.
The post Министерство за здравство: Следење на состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани appeared first on 365.mk.


