Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Американското Министерство за правда соопшти дека ќе биде потребно време за спроведување на законот за забрана на ТикТок во САД, освен ако кинескиот сопственик не ја продаде платформата. Заменик-јавниот обвинител Лиза Монако ја поздрави одлуката на Врховниот суд со која се потврди законот со кој ќе се забрани ТикТок.

Таа додаде дека „следната фаза од тој напор – спроведување и обезбедување усогласеност со законот откако ќе стапи на сила на 19 јануари – ќе биде процес што ќе се реализира со тек на време“

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.