Тимот на јавни обвинители што работи на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ги собра сите работни лиценци издадени од 2012 година до денот на несреќата. Според прегледот на документите, ниту една од нив не била потполно комплетна, истакна државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во интервју за Телма телевизија, Коцевски изјави дека Министерството за економија, одговорно за издавање на овие лиценци, требало внимателно да го процени целиот потребен документ пред да ја издаде лиценцата, бидејќи сите издадени биле врз основа на непотполна документација.
Издадените лиценци не содржеле целосна законска документација. Министрите ги одобриле без комплетни елаборати од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и без соодветни градежни документи и од локалната самоуправа. Овие документи биле неопходни за минситерот да издаде лиценца. Јавните обвинители утврдија дека досието за секоја лиценца е без потполна и регуларна документација, тврди Коцевски.
Што се однесува до актуелниот министер за економија, тој не е дел од истрагата бидејќи немало докази дека сопственикот на клубот поднел барање за нова лиценца.
The post Министрите за економија одобриле лиценци на дискотеката „Пулс“ со непотполна документација appeared first on 365.mk.