Минусни температури и снег и во текот на утрешниот ден!

Од Центарот за управување со кризи споделија информации во врска со сотојбата на временските услови и дел од патните правци во Македонија.

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во степени Целзиусови)

2 Попова Шапка, 6 Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Лазарополе, 8 Скопје-Зајчев Рид, 9 Штип, Виница, Крушево, 10 Скопје-Петровец, Тетово, Велес, 11 Претор, Кавадарци, 12 Прилеп, Демир Капија, 13 Струмица, 14 Охрид, Битола, 16 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 9 часа до 17 часот (во l/m2)

11 Пожаране, 8 Крушево, Маврови Анови, 6 Тетово, Охрид, Виница, Попова Шапка, 3 Крива Паланка, Претор, 2 Битола, Берово, Лазарополе, 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Штип.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 17 часот (во cm)
5 Маврови Анови, Попова Шапка, 2 Лазарополе.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Во најголем дел од земјава од раните утрински часови времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот на планините и на некои од повисоките места над 500 м.н.в преминаа во врнежи од снег. Во јужните делови беше сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот се зголеми, и попладнево во Пелагонискиот регион има врнежи од снег. Дуваше умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец, во Пелагонија со брзина над 40, во Штип над 50, во Гевгелија над 70 km/h.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Облачно, на планините и на некои повисоки места претежно во северните и западните делови со повремени врнежи од снег. Во пониските места во централните и југоисточните делови со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, а на околните планини од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 17.00 ч. има забрана за управување со ТМВ на патен правец Охрид-Битола кај превој Буково. (информација од АМСМ)

Пронајдете не на следниве мрежи: