Миранда Кер откри зошто ги напушта ангелите на Викторија Сикрет

Гласините дека славните ангели на Викторија сикрет имаат еден член помалку и дека Миранда Кер одлучи да го напушти брендот се сега потврдени. Убавата австралиска манекенка призна дека нема повеќе да биде заштитно лице на линијата за долна облека и костими за капење, но го негираше фактот дека е избркана затоа што е неодговорна и безобразна.
„Сите кои некогаш работеа со мене, знаат дека не сум ниту тешка, ниту комплицирана личност“, вели Миранда. Таа додаде дека одлучи да ја напушти модната писта за да се посвети на семејството, актерот Орландо Блум со кој е во брак веќе три години, и нивниот двегодишен син Флин, со кој наскоро од Лос Анџелес ќе се пресели во Њујорк.
„Сега ми е најважно да бидам само мајка, домаќинка да готвам за Орландо“, вели манекенката која своите промени во кариерата ги опиша како „природна еволуција“.
„Се занимавам со манекенство од својата 13 година. Сега влегувам во нова фаза од својот живот.Го чувствувам тоа откако ми се роди синот, и откако станав мајка сфатив дека морам да ги поставам своите преоритети. Едноставно, моментално не сум во позиција да се обврзувам со договор“, вели Миранда.Гласините дека славните ангели на Викторија сикрет имаат еден член помалку и дека Миранда Кер одлучи да го напушти бре

Пронајдете не на следниве мрежи: