Мирен собир во Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“

Шест дена после несреќата во дискотеката „Пулс“, жителите на Кочани организираа едночасовен мирен настан во 15 часот, со што оддадоа почит на трагично настраданите и изразија поддршка за брзото опоравување на повредените. Настанот се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани, каде што собирот беше организиран спонтано, преку повици на социјалните мрежи. На настанот не беа држани официјални говори, но присутните, преку транспаренти, испратија пораки дека бараат правда и комплетно расветлување на настанот. Граѓаните исто така изразија намера да продолжат со собирањето и во наредните денови.
The post Мирен собир во Кочани во чест на загинатите во дискотеката „Пулс“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: