Состојки:
10 парчиња бајат леб4 лажици пченкарно брашно4 лажици пченично брашно1 прстофат прашок за пецивосол и бибер по вкус5 лажици сенф250–300 мл млака вода (доколку е потребно – смесата треба да биде малку поретка од смесата за палачинки)масло за пржење или за подмачкување на плех
Подготовка:
Во голем сад, измешајте ги двете брашна, прашокот за пециво, солта и биберот. Додадете го сенфот, а потоа постепено додавајте млака вода и мешајте додека не добиете мазна, тенка смеса – текстурата треба да биде слична на тесто за палачинки.
Потопете го секое парче леб во смесата за да биде добро премачкано од двете страни. Оставете го неколку секунди за да го впие преливот.
Истурете тенок слој масло во загреан тавче и пржете ги лепчињата 2-3 минути од секоја страна, додека не поруменат.
Лесно премачкајте го плехот за печење со масло, наредете ги тостовите и печете 10-12 минути на 200 степени, свртувајќи ги на половина од времето.
Сервирајте топло со ајвар или сезонска салата.
Пронајдете не на следниве мрежи:


