„МИРОВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ИРАН МОРА ДА БИДЕ ОДОБРЕН ОД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН“ Шефот на кинеската дипломатија вели дека тоа би ја обезбедило неговата легитимност

Кина бара мировниот договор меѓу САД и Иран да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН, а министерот за надворешни работи Ванг Ји рече дека тоа би „дало легитимитет и авторитет“ на тој документ.

Доколку САД и Иран постигнат мировен договор, тој мора да биде доставен до Советот за безбедност на Обединетите нации на разгледување за да се обезбеди неговата легитимност, изјави денес кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји , одговарајќи на прашања од новинари во седиштето на ОН во Њујорк .

„Откако ќе се постигне договор, тој треба да се достави до Советот за безбедност на ОН за одобрување , со цел да се добие легитимитет и авторитет“, рече Ји, според Тасс.

Тој истакна дека Кина ги поддржува напорите за посредништво на Пакистан и другите земји и се надева дека двете страни ќе продолжат да се придржуваат кон прекинот на огнот и „да се движат една кон друга“.

Кина моментално претседава со Советот за безбедност, а Ји рече дека телото задолжено за меѓународниот мир и безбедност „мора да ги преземе своите одговорности“.
The post „МИРОВНИОТ ДОГОВОР МЕЃУ САД И ИРАН МОРА ДА БИДЕ ОДОБРЕН ОД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН“ Шефот на кинеската дипломатија вели дека тоа би ја обезбедило неговата легитимност appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: