Озбилни сте, прашува поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, откако штипските власти се пофалија со изградени 1000 метри на пат во едногодишниот отчет.
За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок? После ваков отчет за една година треба да ја пишете и изработката на сликичкава дека сте ја направиле, барем сте се потрудиле и за тоа – порача Мисајловски.
Дефинитивно ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.