Мексиканската полиција го пронашла телото на жената обесена во бањата во хотелската соба. Се работи за Фатима Давила, која го претставуваше Уругвај на изборите за Мис во 2006 и 2008 година.
Локалното обвинителство ги истражува околностите поврзани за овој случај за да се утврди дали станува збор за убиство или самоубиство.
– Засега е утврдено дека жената во Мексико Сити допатувала на 23 април. Познаник ѝ помогнал да се смести во апартманот на хотелот воочи разговорот за работа кој го имала закажано – навеле во Обвинителството.
Пронајдете не на следниве мрежи:


