Мислевте дека ‘рчењето најмногу го нервира вашиот партнер? Грешите!

Заедничкиот живот со партнер е полн со убави моменти, но постојат и некои работи кои можат малку да нè изнервираат
Мажите и жените се два различни света, па не е ни чудно што некогаш знаеме да се изнервираме поради некои навики и постапки. Жените најчесто се нервираат поради неуредноста на мажите и ситниците како што се оставањето валкани чорапи насекаде низ домот.
Некои несвесни навики што не може да се контролираат, како што е ‘рчењето, исто така ни одат нерви, но ова не ги нервира жените најмногу во спалната соба.


Едно истражување, спроведено на повеќе од 1000 испитаници, покажало дека ‘рчењето не е пострашно од крадењето на прекривката.
Испитаниците морале да оценуваат разни сценарија од спалната соба и на прво место на листата на нешта што најмногу нервираат се наоѓа преземањето на прекривката на својата страна од креветот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.