Мислела дека точката на носот е безопасна, а потоа го открила “хоророт“ кој се хранел од нејзината кожа

Една мајка од Австралија била шокирана кога дознала дека точката која неколку пати се појавила и исчезнала од нејзиниот нос всушност е хорор кој се храни од нејзината кожа.
Менди Полард за малку ќе останела без нос во наредните десет години поради рак на кожата доколку навреме не посетела доктор.
37-годишната жена останала шокирана кога дознала дека точката на нејзиниот нос не е безопасна.
По операцијата на отстранување на туморот Менди вели дека изгледа како некој да изгасил цигара од врвот на нејзиниот нос.
Менди вели дека најмногу ја болело тоа што нејзиниот син се плашел и не сакал да ја прегрне поради раната која ја добила по операцијата.
Пред две години оваа жена ја забележала точката на нејзиниот нос. Бидејќи се појавувала и се повлекувала не размислувала дека тоа може да биде нешто сериозно. Кога почнала да го менува нејзиниот облик и да расте Менди почанала да се грижи.


„Бидејќи и мајка ми имаше промена на раката која мораше да ја отстрани затоа што стануваше збор за рак на кожата помислив дека и мене ми е време да појдам на доктор“ – раскажува Менди.
„Докторите не сакаа да чекаат, веднаш мораа да ме оперираат. Дури ми кажаа дека доколку сум почекала уште некое време би можела да го изгубам носот затоа што туморот би ми ја “изел“ целата кожа на тоа подрачје“ – раскажува во неверување Менди.

По операцијата Менди не можела да се гледа себеси. Не излегувала од дома и не сакала луѓето да ја видат таква. Морало да помине една цела година за целосно да закрепне.
На прашањето како дошло до оваа болест која вообичаено ги погодува повозрасните луѓе Менди немала одговор.
„Доколку забележите некакви промени на вашата кожа кои дури ви изгледаат и безопасно, нека не ве мрзи да појдете на доктор и да се консултирате со него“ – советува Менди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.