Чешкиот натпреварувач во ски скокови, Антонин Хајек (37) е пронајден мртов пет месеци откако неговото семејство го пријавило за исчезнат, објавија светските медиуми.
Во оваа трагична прилика на социјалните мрежи тажната вест ја објави и чешкиот скијачки сојуз.
“Почина поранешниот ски-скокач, чешки рекордер и селектор на репрезентацијата Антонин Хајек. Неговиот живот заврши на рана возраст од 37 години. Од почит кон неговото семејство нема да даваме дополнителни информации за околностите на неговата смрт“, се вели во соопштението на здружението.
Неговата смрт се третира како „мистериозна“ бидејќи сè уште не се познати деталите за тоа како се случила. Обдукцијата ќе утврди како дошло до смртта на спортистот кој забележал големи резултати во кариерата.
Пронајдете не на следниве мрежи: