Мистериозно преминала девојка на моминска во Србија: Пиела само вода, паднала како покосена

Дваесет и петгодишна девојка починала среде забава, откако претходно ѝ се слошило во популарна кафеана во Зрењанин, Србија. Нејзината смрт засега е мистерија, а според вработените, таа била гостинка на моминска вечер.
Починатата девојка беше на моминска забава кај нас изјавиле вработените.
Беа сместени во градината, а таа беше весела, се забавуваше, но одеднаш падна како покосена. Келнерите веднаш ја изнесоа од градината, а нашата колешка повика Брза помош, која се појави за околу седум минути. Гостинката не пиеше алкохол, ами само вода. Дури нејзините другарки коментираа дека водела здрав живот, била вегетаријанец, изјавиле за српски „Курир“ вработените во кафеаната.
Според нивните сознанија, во крвта на девојката не е пронајден ниту алкохол, ниту наркотици. Телото е предадено во судска медицина на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.