Мистеријата на починатата велешанка.
Овој случај предизвика сомнеж дека вирусот бил присутен во земјавата уште во декември.
Веста за смртта на 79 годишна мајка и 53 годишен син во Велес, чии посмртни останки беа откриени од полицијата на 6 април, веројатно ќе останеше само последен поздрав до двајца несреќни луѓе, доколку во меѓувреме кај жената не беа пронајдени траги од коронавирус во дишните патишта. Соседите на починатите велат дека не ги виделе мајката и синот неколку месеци. Некои претпоставки одат дотаму што времето на смртта на двајцата го сместуваат во јануари годинава. Таквата можност не ја исклучува ни Филипче.
„Кај едно од лицата од Велес најден е вирусот во примерок од дишното стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајно е зголемена бројката на заболени од грип годинава, не е исклучена можноста вирусот и порано да бил присутен, особено поради асимптоматските носители на вирусот“, изјави Филипче.
Ако е така тогаш се поставува со право прашањето од каде дошла КОРОНАТА кај лицата во Велес, односно како се заразиле? Се знае дека првиот случај беше откриен дури кон крајот на Февруари и тоа од докторката што го донесе од Италија. Директорката и починатата велешанка немале никаков контакт.
Филипче во неговата прес конференција не даде воопшто прецизен одговор како е ова можно. Прашања кои треба да се имаат на ум, ако е точно дека починале мајката и синот во Јануари, и ако имаат траги како што рече министерот од КОРОНА, тогаш од каде е вирусот кај нив? Исто така важно е да се провери кој тип на КОРОНА е во прашање. Ние пишувавме дека се лоцирани три типа досега кои патувале по светот по различни патишта.
Мапа на ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ, сите три досега лоцирани мутации
Можеби не е лошо со овој тим на научници да се стапи во контакт и да им се дадат примероци за анализа. Мора да се лоцира патот и опасноста која се крие во овој мистериозен случај. Се разбира доколку се потврди дефинитивно дека станува збор за лица кои биле заразени со КОРОНА ВИРУСОТ.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски објави дека двајца пожарникари кои интервенираа во станот на Маноилови се во самоизолација. „Пожарникарите немале никаков директен контакт со починатите, тие ја обиле врата по барање на полицијата, а по реакција на соседите дека се шири реа. Затоа побаравме да им биде земен брис“, изјави Коцевски.
Зошто би биле во самоизолација ако нема заразен вирус кај починатите?
Засега овој случај има многу нејаснотии.
*
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.