Тажна сцена е снимена на плажа во Велика Британија . Кит долг 16 метри е пронајден мртов на брегот.
Толпа луѓе се собра околу големото тело, кое лежеше неподвижно на белиот песок. Нив ги обедини тагата поради трагичниот крај на едно прекрасно суштество.
- Забележан манијак во Центар, се соблакал пред малолетници
- Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во државата, кај еден од нив пронајдена дрога
- УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од мерките
- Билети за концертот на Адел од 3.500 долари до огромни 70.000 долари: Фановите гневни …
- ОВА СЕ ТАЈНИТЕ РУСКИ ГУГИ СИЛИ: Подготвени да ги пресечат интернет каблите што ја поврзуваат Европа со Америка!
Жителите на областа Корвел, туристите, претставниците на локалните власти, како и здруженијата за заштита на животните, имаа едно прашање – што се случи?
Причината за смртта на џиновскиот цицач сè уште е под истрага.
Перки кит е вториот по големина вид во светот, по синиот кит . Неговото тело е во просек долго 20 метри, а најголемата забележана единка била долга 27 метри.
Тежината на еден џин се проценува на околу 70 тони!
Ова значи дека е многу потенок и полесен од исто толку голем син кит, а исто така е полесен од некои помали видови.
Патем, перките китови се изложени на комерцијален лов на китови низ целиот свет. Речиси 750.000 примероци биле убиени во областите на јужната хемисфера помеѓу 1904 и 1979 година, а денес тие ретко се гледаат таму.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.