Тврдењата дека комичарот Роуан Аткинсон , светски познат по својот лик Мистер Бин, и поранешната актерка за филмови за возрасни и интернет ѕвезда Миа Калифа се во врска од летото – не се точни.
Тоа е чиста дезинформација и мамка за кликови, без никаква потврда од релевантни или веродостојни извори.
Приказната се појави на 15 јануари 2026 година, на Фејсбук страницата „Keeping it Stuggy“, каде што беше објавена објава со фотомонтажа во која се тврди дека „Мистер Бин конечно ја пронашол својата девојка“ и дека Аткинсон и Калифа наводно биле во тајна врска од летото.
Описот на објавата отиде чекор понатаму, претставувајќи ја оваа измислена романса како „неочекуван пресврт во 2026 година“, наведувајќи дека врската започнала далеку од очите на јавноста.
Сепак, многу брзо следеше демант – директно од Миа Калифа.
Имено, на 19 јануари 2026 година, Миа Калифа објави на својот потврден X (порано Твитер) профил, каде што иронично рече:
– Луѓе, излегувам со будала, но тоа не е Мистер Бин.
guys I am dating a fool but it’s not mr bean— Mia K. (@miakhalifa) January 20, 2026
Со понатамошна проверка, со пребарување на релевантните термини „Миа Калифа“ и „Мистер Бин“ или „Роуан Аткинсон“, не се чини дека постојат сигурни медиумски извештаи што ја потврдуваат наводната врска.
Напротив, резултатите водат исклучиво до копии од истата лажна објава и текстови што ја разоткриваат како измама, вклучително и странски портали специјализирани за проверка на факти.
Особено проблематично е што една фотографија употребена во виралната објава всушност беше изменета верзија на слика генерирана од вештачка
View this post on Instagram A post shared by The Afro | AI Creator (@theafro.ia)
Оригиналната слика е објавена на 25 декември 2025 година на Инстаграм профилот „theafro.ia“, кој отворено наведува дека се занимава со креирање содржини со помош на вештачка интелигенција.
Заклучокот е јасен – Роуан Аткинсон и Миа Калифа не се во врска, а приказната што се прошири низ социјалните мрежи е уште еден пример за тоа како лажните цитати, фотографиите од вештачката интелигенција и сензационалните наслови се користат за создавање вирална, но целосно неточна содржина.
The post Мистер Бин излегува со актерка од филмови за возрасни?! Светот зуи за нив, а таа вели: „Се забавувам со будала…“ appeared first on Во Центар.



