Десет дена граѓаните на Кочани протестираат за почист воздух и го потсетуваат градоначалникот Љупчо Папазов дека во неговата предизборна програма вети дека депонијата нема да ја претвори во регионална депонија, туку во нов модерен парк.
– Цели 10 дена овие борци се борат за правото на чист воздух, здрави деца и нормален живот.
Секоја чест за оваа екипа луѓе кои ден и ноќ, на грч ладно не попуштат. Трпат закани, поздрави за кривични пријави и подметнувања.
Добро бе Папаз, како не ти е срам овие луѓе да ги лажеш, да ги манипулираш и да им се закануваш? Овие луѓе што ти поклонија функција која ни на сон не би ја помислил.
Лефков, каде ти се ветувањата? Зошто бегаш од овие луѓе? Или сега мало ти е Кочани?
Утре се гледаме пак кочанчани, издржете! – напиша на Фејсбук уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој денеска ги посети луѓето кои цели десет дена протестираат во Кочани.