На 2 април 2025 година, во свечена и академска атмосфера, „МИТ Универзитет“ – Скопје организираше „Интернационален научен собир со гости-предавачи од Оксфорд“, Обединетото Кралство. Настанот се одржа на Кампус 2 на Универзитетот, со присуство на Претседателот на Собранието на РСМ, универзитетски ректори, професори, истражувачи, студенти и јавни личности. Настанот претставува значаен чекор не само за „МИТ Универзитет“, туку и за целата македонска академска заедница и општеството, отворајќи нови можности за научна соработка, интернационализација и размена на знаење со врвни светски универзитети.
Со поздравни говори се обратија ректорот на „МИТ Универзитет“ проф. д-р Звонимир Јанкулоски и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, кој нагласи:
„Образованието и науката се основа за општествен напредок – затоа мора да бидат поддржани со целосна институционална посветеност“– нагласи претседателот на Собранието на РСМ, г. Гаши
Погледнете го обраќањето на г. Гаши тука:
https://www.facebook.com/share/v/16885TmxAb/?mibextid=wwXIfr
Потпишан Меморандум за меѓународна соработка:
Во рамки на Научниот собир беше потпишан Меморандум за соработка меѓу „МИТ Универзитет“ – Скопје и „Балканскиот институт за вера и култура“ – Скопје, официјален претставник на програмата „Oxford Connections“, со цел развивање на заеднички образовни и истражувачки проекти.
Научна програма и предавачи:
Собирот опфати три сесии со вклучени теми од хемија, вештачка интелигенција, психологија и теологија:
- Сесија 1: Биохемиски и родови перспективи
Проф. д-р Лорна Смит, професор по хемија на „Оксфорд Универзитет“.
Тема: „Динамика на протеини: клучот за разбирање на структурата, функцијата и болестите.“
Д-р Катерина Фунг, постдоктор во областа на хемија, „Оксфорд Универзитет“.
Тема: „Кршење на бариерите: Наследството на жените во науката.“
Модератор: доц. д-р Сашо Стојковиќ, „МИТ Универзитет“ – Скопје.
- Сесија 2: Вештачка интелигенција и креативност
Проф. д-р Најџел Крук, професор по вештачка интелигенција и роботика, декан за истражување и иновации на „Оксфорд Брукс Универзитет“
Тема: „Свесност, креативност и генеративна вештачка интелигенција.“
Модератор: проф. д-р Магдалена Пунчева Марина, „МИТ Универзитет“ – Скопје.
- Сесија 3: Образование, траума и теологија
Даниеле Ваткис, докторант, оддел за едукација, „Оксфорд Универзитет“.
Тема: „Психологија на траума и процесот на справување.“
Д-р Бетхан Вилис, доктор на науки по теологија, „Оксфорд Универзитет“.
Тема: „Како скромно да размислуваме?“
Модератор: вон. проф. д-р Мирјана Јовановска Стојановска, „МИТ Универзитет“ – Скопје.
Интернационален исчекор:
Настанот се одвиваше на англиски јазик и беше модериран од професори од „МИТ Универзитет“ – Скопје. Со оваа иницијатива, Универзитетот направи значаен чекор кон продлабочување на интернационалната академска соработка и вмрежување со престижни институции.
Пронајдете не на следниве мрежи: