Михајлова никогаш не се извинила на семејството на починатиот – Бесим мртов доби клевети и навреди дека бил Ром

Уредникот на Радио Лидер открива дека избеганата Ива Михаилова никогаш не се извинила ниту побарала прошка од семејството чиј син, брат, според кривичната пријава, го усмртила со своето возило.

Љупчо Златев во објава со наслов ,,ОВА Е ЧОВЕКОТ ЗА КОЈ БУГАРСКИОТ ЕТНО-ШОВИНИЗАМ НЕ САКА ДА ЗНАЕТЕ!”, објавува фотографија на Бесим Дурмиши, наш 33 годишен сограѓанин од село Љуботен, кој загина на 7-ми октомври 2025 во собраќајката која ја предизвика Ива Михаилова на експресниот пат Штип – Кочани.

Златев кој разговарал со неговите соселани пишува дека Бесим бил чесен и вреден работник, кој потекнувал од вредно и чесно еснафско семејство кое со пот си го зараборувало лебот. Дурмиши биле луѓе кои никому не згрешиле и воделе мирен живот.

,,На кобниот ден, се враќал од работа заедно со своите колеги и налетал на разјарената ќерка на осудениот криминалец во бегство, Симеон Михаилов која со брзина над дозволената удрила директно во возилото во кое бил. Починал на лице место…

Ива Михаилова никогаш во последната година не изразила сочувство до неговото семејство. Уште пострашно, наместо сочувство од Ива Михаилова, Бесим мртов доби клевети и навреди дека бил Ром (Со зборот на Ц, кој не ми паѓа на паѓа на памет да го напишам) кој работел на некаква викендица на министерот Тимчо Муцунски”, пишува Златев кој вели дека Бесим е Албанец кок не работел на никаква викендица на Муцунски (затоа што тој не гради), туку бил на градежни задачи на друго место.

,,Независно дали е Ром, Албанец, Бугарин, Србин, Влав, Турчин или Македонец, Бесим бил еден од нас и неправдата кон него е неправда кон секој граѓанин на Македонија!

Солзите на секое семејство, независно од кој етникум доаѓа и која религија ја има се исто горчливи и болат исто. Прерано згаснал живот… Живот на наш човек…

Обвинителството ја терети Михаилова за Предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици од небрежност, кривично дело за кое нема високи казни. Наместо да изрази сочувство кон семејството и да прифати некаква симболилна казна, таа одлучи да плука по мртов човек, да глуми жртва, да меша тајни служби на соседни земји и да го клевети својот народ.

Јас имам различна верска припадност од Бесим, по дома зборувам различен од јазикот кој тој го зборувал со своето семејство. Но, мене Бесим ми е посличен од Ива со која споделувам јазик и религија. Затоа што прво треба да си ЧОВЕК, па потоа се друго!

Нека му е светол патот во домот Алахов (арапски превод на Господов, со идентично значење)”, заклучува Златев.

Пронајдете не на следниве мрежи: