– Тешко кога ќе се скараш со себе, заради нешто што си го говорел, или направил, пред само година дена. Секој од нас има такви моменти во својот живот. И тоа се прави пред сопственото огледало. Но тоа е ништо, во споредба со признанието дека не сте се лажеле само себе си, туку сте ги лажеле и 160 000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, и уште 240 000 симпатизери, пишува ќленот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски на својот Фејсбук профил.
– Ако сте успеале да лажете толку многу луѓе, и толку долго време, вие сте мајстори на лагата. Тешко на оној кому вие, во иднина, ќе му ја нудите вашата “доверба”. Вие сега сте паралага, која се пласира од страна за да ја следи основната лага, и да и потпомогне во уверливоста, додава тој.