Напаѓачот на екипата на Свонси, шпанецот Миху, е среќен во овој тим и со клубот го живее својот сон.
По историскиот успех и освојувањето на Лига Купот, шпанскиот напаѓач на вистински начин ја обележа сезоната од своите сништа.
Во финалето против Бредфорд, Миху го постигна својот 19 гол во сезоната, дефинитивно го оправда епитетот на најголемо изненадување на годината.
Со своите игри привлече внимание на себе, но порача дека би сакал да остане во овој клуб и наредната сезона.
„Премногу сум среќен во Свонси, овој тим ми овозможи да ја освојам првата титула во својата кариера и навистина ми се остварија сништата, навистина се надевам дека ќе останам во клубот и наредната година“ изјави Миху.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Напаѓачот на екипата на Свонси, шпанецот Миху, е среќен во овој тим и со клубот го живее својот сон.