Мицковски ги нарече фекалии тие што се за Бојкот на референдумот

Дали е нервоза поради јасно изразената воља на Македонскиот народ со најава за огромен процент на оние што ќе бојкотираат или се работи за налог, но Мицковски денеска направи гаф од невидени пропорции. Во најмала рака тој што за себе насекаде зборува дека е идниот премиер, мора да покаже многу поголем демократски капацитет кон неистомислениците како и ниво поради академската титула што ја носи, благодарение знаеме на што.
Човек што е поставен на нелегитимен начин, чија што кариера е потпрена со контроверзна сопственост на хидроцентрали, и никаква историја во ВМРО-ДПМНЕ сега ги нарече фекалии тие што се спротивставуваат на бруталното силување на Македонија и Македонците. Ова дефинитивно покажува дека не чинат работите во „Белиот дворец“ и дека елитизмот, затвореноста и негативната селекција добиваат на интензитет парализирајќи ја некогаш најсилната партија.
Референдумот со сигурност ќе пропадне. Народот веќе изгради јасен став и гласно го кажува. Затоа Мицковски на терен праќа секојдневно свои гавази да сондираат. Се плаши ли дека ќе остане длабоко во офсајд со својата одлука која му ја сугерираат странците? Секако дека се плаши. Слабото лидерство кое покажа тотална неинвентивност, непознавање на членството и на историската идеолошка основа врз која е втемелена партијата за само осум месеци доведе до невидени поделби по сите линии внатре и можна скорешна ескалација по комитетите по примерот на ОК Струга. Иако таму веднаш се извршија притисоци и интервенции кои на краток рок создаваат лажна слика за мир…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.