Во статус на Фејсбук Мицковски го нападна довчерашниот ментор, гуру и негов создател Груевски. Непознатиот до кратко време пред конгресот во Валандово (кој што беше наместен токму од менторот и од Мијалков) и поставениот на трон со агенда сега се врти против својот креатор. Па така еден промицковски портал излезе со вест дека бегството на Груевски не го оправдува „лидерот“ Мицковски…
Ова е во најмала рака комплетно неблагодарно посебно ако се знае дека без делегатите, договорот и помошта на Груевски, Мицковски немаше да догура ниту до претседател на месен комитет. Но, како што минува времето синдромот на Господ како што се чини се повеќе се засилува. Во меѓувреме партиското членство ниту знае колку имот има партијата ниту како е стекнат, ниту пак кој одлучил да се продава имотот летово и секако каде завршиле парите од продажбата.
Иако сега проформа се обидува да се дистанцира од Груевски, повеќе од јасно е дека се работи за едно те исто. Го ибраа (оние што без кворум без во Валандово) делегатите на Груевски од Куманово, од 2015 година. Па така десетици од нив се од кабинетот во Владата на Груевски се до секретарки. И „реформаторите“ на Богојески и Богдановски одат со слични обвинувања дека всушност се работи за договор дека се скарани, а всушност делуваат уиграно. Во таа насока чудни се посетите на Будимпешта и Белград на Мицковски од пред отприлика месец дена. Што е таму договарано? Дали можеби екстракцијата на Груевски?
Еден портал во таа насока ќе праша: Дали господине Христијан Мицковски пред извесно време кога беше кај Вучиќ а утредента наводно и кај Орбан а тоа се неколку денови пред референдумот у партија кажа дека идеш у официјална посета уствари беше кај некоја српска старлета и миленичка која ти ја намести Жељко Митровиќ од ПИНК? Ова се релевантни прашања на кои посекако вмровците заслужуваат да добијат одговор.
ВМРО-ДПМНЕ не смее да продолжи да е партија која се занимава со дворски игри, со местенки, со кулоарски измами. Не смее да го лаже членството кое во голем процент е разочарано, изнервирано и препуштено на самото себе. Оти како што тргнале да глумат лидерство и ако продолжат со лагите нема да им остане никој.
Дегутанто е да се зборува дека е против Грчкиот договор и да се замајува членството, а на Хан да му се ветува конструктивност за истиот. Кој е излажан? Хан или Македонија? По се изгледа по однесувањето на неколкуте пратеници кои делуваат во негово име победила конструктивноста. Па наместо да се расправа 12 дена во комисијата во Собранието за уставните амандмани, одвај издржаа 5 дена. Би се рекло проформа. Како да одвај чекаат да се заврши со промената на името. Тоа ли е таа конструктивност ветена на Хан?
Некои од инкриминираните пратеници кои гласаа за отворање на Уставот и промената на името говорат и дека ќе се стигнело до бројката 90 кои ќе биле За! Кој ќе биде тогаш крив?
Повеќе за превртливоста и непостојаноста, или за сокриената агенда тука: хронологија на превртливоста