Мицковски имал таен профил на Твитер? Денеска лавина од реакции

Социјалната мрежа Твитер денеска е преплавена со информации дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има скриен профил од кој наводно се заканувал на висок политичар.

Неофицијално, скриениот профил е откриен преку безбедносни структури и IP адресата.

Истрагата за профилот била по поднесок во МВР од страна на високо политичко лице на кое Мицкоски наводно преку скриениот профил му се заканувал и навредувал.

Твитер врие од негативни коментари и негодувања за големиот број лажни профили (ботови) кои во последно време ги има во сѐ поголем број, а чија главна цел е напаѓање и дискредитација на политички неистомисленици, коментираат добро познавачи на актуелните прилики.

Извор: глобално.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.