Мицковски и дал на Дани една недела да мисли како него или аут!

Вечерва можевме да чуеме мошне шокантни изјави на Рангелова. Таа како да не беше ни свесна што се кажува. И си ја отвори душичката. Досега непознати работи излегоа од мрачните ќошиња на „Белата палата“. Имено, таа го опиша Мицковски како диктатор со особини кои не се добри ни за владеење со месна заедница, а не па партија или не дај боже држава. 
Како што рече самата ја повикал и и кажал дека имале различни ставови. Ок. И? Е па бидејќи тоа не му се допаѓало и дал рок од една недела да не мисли различно или да си даде оставка. Браво, браво. И сега замислете вакви луѓе како се однесуваат кога ќе се доберат до власт и моќ! Не сакате да знаете верувајте ми!
Забегана е работава како што може да се види. И се чини дека допрва следуваат ломови внатре. Ние мислиме дека се додека нема регуларен конгрес партијата и додека не се овозможи членството да си го бира водството ќе се инедруваат мали диктатори со големи амбиции. А Македонија ќе тапка во место. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.