Мицковски и Заев се договорилe заедно со претседателските избори вгодина да се одржат и вонредни парламентарни избори

Верувале или не, се случило и тоа!
Наводно на иницијатива на еден познат македонски новинар, тој и поголема група новинари од македонските редакции, меѓу кои имало и блиски до премиерот Зоран Заев, се собрале синоќа во кафулето „Манда“ на „затворена“ и „неформална“ средба со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Наш извор, присутен на средбата, тврди дека Мицковски ги брифирал новинарите дека преговорите со Грција ќе пропаднат и дека процесот ќе го блокира претседателот Ѓорге Иванов. Имено, без оглед што ќе договорат Скопје и Атина, договорот мора да биде ратификуван во парламентот, а Иванов нема да ја потпишел ратификацијата.
Мицковски на новинарите им рекол дека затоа нема никакви шанси спорот за името да се реши пред изборот на нов претседател на Републиката.
Она што е најинтересно е тврдењето на Мицковски дека тој со Заев наводно веќе се договорил заедно со претседателските избори вгодина да се одржат и вонредни парламентарни избори. Но, според Мицковски, тој и Заев биле согласни да не се оди на изборен модел со една изборна единица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.