„Христијан Мицкоски упорно молчи за настаните што се случија во Тетово во петокот. Нема ниту еден збор од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда“ соопштија денеска од владејачката СДСМ.
Оттаму велат „со таквиот молк, Мицкоски целосно се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје“.
„Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми. ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами.
Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје“ се вели во партиското соопштение.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.