Мицковски објавува „корегирани“ документи на Фејсбук, за замајување на членството се брише СЕВЕРНА

Мицковски објавува „корегирани“ документи на Фејсбук, за замајување на членството се брише СЕВЕРНА.

Се поставува прашање зошто пратеничката група на Мицковски не предлага амандмани само со РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ако не ја признава промената на името, како што се раскажува по штабовите.

Се забега веќе со пропаганда. До толку што се потценува обичниот читател и обичниот член на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено пратеничката група на Мицковски предложила амандмани до Претседателот на Република Северна Македонија. Но во објавата на Фејсбук кај Мицковски стои корегиран текст. Кој кога работи или ако сакате лаже во случајот? Се чини дека по секоја цена се сака да се доведе во заблуда крајниот корисник кој можеби и нема да примети дека со коректор се покриени буквите од насловот кои го содржат името на државата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.