Мицковски повикан во полициска станица за случајот „Боемска“
Мицковски иако поканет, како што потврдија и од МВР, не се одзвал на поканата на ПС Центар. -Од страна на МВР на лицето Х.М. му беше врачена покана да се јави на информативен разговор во ПС Центар денеска во 10 часот, а во врска со настанот во угостителскиот објект во Дебар Маало. Х.М. не се појави во полициската станица, туку неговиот правиот застапник – информираа од МВР.
Мицковски во кафеаната беше со Љупчо Андоновски, поранешниот прв човек на УБК, сега советник на министерот за внатрешни Наќе Чулев.
Љупчо Андоновски денеска беше на разговоро во полициската станица во Ценатр. Од станица излезе по половина час. Ручекот во кафеаната со газдите според него бил на негова иницијатива.
Случајот „Боемска“ предизвика големо внимание во време на забраната за користење на локалите внатре:
Полицијата сепак ги обезбедила снимките од Боемска од синојќа