Мицкоски воздржан по информациите дека ВЛЕН сака да го тргне Таравари од коалицијата и Влада

На новинарско прашање дали е точно дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата ВРЕДИ, и доколку тоа се случи од ВРЕДИ ќе побараат од премиерот да го тргне од Владата, Мицкоски вели „би се воздржал од било какви коментари само би кажал дека Владата функционира обединето“.

-Во јавноста има многу информации, јас би се воздржал од било какви коментари само би кажал дека Владата функционира обединето, единствено, оваа Влада има би рекол неофицијално чиста двотретинска поддршка во рамките на македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, така што треба да ја оставиме Владата да работи како што е до сега, изјави Мицкоски.

По случувањата во последните две недели, добро упатени избори за ТВ21 синоќа рекоа дека раководствата на Демократското Движење, Движење Беса и Алтернатива оценуваат дека Таравари и АА веќе немаат место во коалицијата.

Според извори на ТВ21, има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата и да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.

Инаку, партијата на Таравари за денеска закажа состанок на партиското Собрание. Со почеток во 13:00 часот се очекува Собранието да претседава во Гостивар, но вратите ќе бидат затворени за јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи: