недела, 29 ноември 2026
Вонредно

Мицкоски: Во наредните денови ќе има добри вести од САД за Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По суспензијата на американските визи за Македонија, премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека во наредните денови ќе има добри вести од САД за Македонија.

Тој го кажа ова коментирајќи го суспендирањето на американските имиграциски визи за 75 земји, вклучувајќи ја и Македонија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Министерството за надворешни работи веќе го даде својот коментар за ова, станува збор за имигрантски визи, а не за студиски визи или туристички посети. Но, мислам дека во наредните денови ќе има добри и пријатни вести за граѓаните на земјата кога станува збор за ваков вид односи со нашиот стратешки партнер.“

„Би бил внимателен и трпелив и очекувам многу добри вести за Македонија во наредниот период“, рече Мицкоски по посетата на реконструираната спортска сала во Кратово.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, вчера исто така објасни дека суспензијата на американските визи се однесува само на имигрантските визи, а не на визите за студентски потреби или туристичките визи.

Поврзани вести