Мицкоски-Ердоган: Турција останува важен стратешки партнер на Македонија

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, објави дека имал билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете земји.

Според Мицкоски, на средбата било изразено заемно задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебно почитување, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа.

Тој најави дека фокусот на разговорите е ставен на можностите за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување нови инвестиции и унапредување на соработката во областите на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

Мицкоски го истакна значењето на Турција како важен економски и политички партнер за земјата, подвлекувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива бизнис клима за турски инвестиции и отворање нови работни места.

Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Северна Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заеднички интерес.

За време на средбата, соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, нагласувајќи ја потребата од стабилност, соработка и економски развој во регионот.

На крајот, двете страни изразија верување дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во наредниот период.
The post Мицкоски-Ердоган: Турција останува важен стратешки партнер на Македонија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: