Мицкоски: За време на владата на Филипче цените се 67 проценти над просекот во Европа, а денес 25 проценти пониски од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ Алсат говорејќи притисоците врз цените и стандардот на граѓаните истакна дека иако, како што рече, живееме во невидлива трета светска војна, состојбата е многу подобра од пред четири години кога на власт беа СДСМ и Филипче.

„Еве дозволете ми за тоа да ви дадам одговор со бројки. Јас не зборувам на чувства, зборувам со бројки. Еве ако го анализираме третиот квартал во 2022-та и ако го анализираме третиот квартал во 2026-та, просечната инфлација, цените во 2022-та се 67% над просекот во Европа. Ако просекот во Европа е 10 запирка нешто проценти, кај нас просекот, инфлацијата тогаш била околу 17 проценти. Денеска инфлацијата во третиот квартал 2026-та во Македонија е за 25% пониска од европскиот просек. Ако денеска просекот јули, август и септември е некаде околу 2 ипол, 2,57%, а европскиот просек е некаде 3-3,3%, тогаш доаѓаме до заклучокот дека во 2022-та во третиот квартал цените во Македонија биле за 67% повисоки во однос на Европската унија.“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Јас сум политичар којшто води политика на основа на бројки и бројките се дел од статистиката и врз основа на бројките вие цените дали одите напред, стагнирате или уназадувате. Јас само сакам да кажам дека сега бројките се неколкукратно подобри од пред четири години.“

Пронајдете не на следниве мрежи: