Мицкоски за протестот на ССМ: Традиционален првомајски протест

Традиционален првомајски протест, вака премиерот Христијан Мицкоски го класифицираше денешниот протест организиран од Сојузот на синдикати на Македонија од кој беа испратени пораки за поголеми плати за достоинствен живот на работниците, почитување на колективните договори и плаќање на прекувремената работа.
– Ова нивно протестирање денеска го класифицирам во групата традиционални првомајски протести кои, впрочем и синдикатите треба да ги прават. Право на секој граѓанин е да протестира и да се бори за поголеми права. Ние сме демократска држава, ова е демократска Влада, така што ние тоа право го почитуваме, изјави Мицкоски кој е во посета на Охрид.
Рече дека дел од синдикатите што денеска протестирале во Скопје биле со него на прес-конференција кога беше постигнат договорот за платите на вработените во јавната администрација.
The post Мицкоски за протестот на ССМ: Традиционален првомајски протест appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: