Мицкоски: Имаме стабилно мнозинство, во моментов не размислуваме за проширување

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вели дека владата е стабилна и не размислуваат за нејзино проширување со нови пратеници.

„Владината коалиција има историски стабилно мнозинство, две третини, и во овој момент нема такво мислење“, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашањето за можноста крилото на Зијадин Села од Алијансата за Албанците да влезе во владата.

Алијансата за Албанците, крилото на Зијадин Села, ја напушти коалицијата „Национална алијанса за интеграција“. Одлуката е донесена на состанок на раководството. Оттаму тие објавија дека четворицата пратеници ќе дејствуваат како независна група во опозицијата. 
The post Мицкоски: Имаме стабилно мнозинство, во моментов не размислуваме за проширување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: