Мицкоски и Силјаноска помалку од 180.000 гласови на претседателските избори

Сведоци сме на најсултанскиот избор на кандидат за претседател од страна на Христијан Мицкоски лично и персонално. Во ВМРО-ДПМНЕ не постои слободна мисла и демократија со години, но и Груевски некогаш знаеше да даде некој фер шанса и можност. Денес ВМРО-ДПМНЕ стама партија единствено на Мицкоски и лојалистите, лојалистите се луѓе ботови кои слепо го поддржуваат затоа што и во најдобрите сонови не би седеле во највисоките раководства на партијата.
Тука е и лојалното членство кои си ја сака партијата и селој ден е се поразочарано, затоа што партијата се грижи единствено за раководството и за никој друг. Се сеќаваме кога илјадници луѓе СДСМ избрка од работа, партијата беше слепа и глува, но кога член на раководството беше избркан тогаш ДПМНЕ имаше 10 прес-конференции, 100тина статуси, пратеници дискутираа за Цветан Трипуновски.
Членството веќе е свесно и разочарано. Сеуште нема податоци за ажурирањето но бројата од 200.000 членови е намалена на помалку од 10.000 или 5%. Само во Прилеп од 12.000-13.000 членови ажурирани се мизерни 500, во Аеродром од 8.000 ажурирани се 450. Дали Мицкоски и Јанушев ќе обелоденат колкав е процентот на ажурирани членови, дали Мицкоски ги избрка и последните волонтери од ДПМНЕ?
Незадоволство има и од тоа што веќе ВМРО-ДПМНЕ нема никаква општествена функција во државата.
1. ВМРО-ДПМНЕ е партија без став за ниту едно клучно прашање.
2. ВМРО-ДПМНЕ е меѓународно изолирана партија.
3. Христијан Мицкоски не знае колку пратеници има ВМРО-ДПМНЕ, а не се повеќе од 15 кои му се лојални.
Покрај целото незадоволство од работењето на Мицкоски, сепак тој одлучи султански со своите лојалисти да протурка кандидат кадар на СДСМ и СОРОС. Професорката Силјаноска ќе каже дека е надпартиски кандидат за претседател, но ние добро знаеме дека таа е кандидат на СДСМ предложена од Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се можеби последните месеци од раководењето на Мицкоски со чесното и лојално членство на ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа крајот, членовите ќе се фатат за метла, потребна е генералка во палатата.
Повеќе за популарната ГОГА СОРОС прочитајте тука

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.