Мицкоски: Македонија ќе се изјасни по нон-пејперот на ЕУ, целта останува полноправно членство

Македонија ќе го разгледа нон-пејперот на ЕУ за членство, но останува на ставот дека ќе работи да се исполни стратешката цел за полноправно членство во Унијата. Македонија е зрела демократија што го потврди и Советот на Европа со затворање на постмониторингот. Сепак, техничката влада останува за следните избори, но потоа ќе се укине.

ЕУ наскоро ќе претстави нон-пејпер кој предвидува постепено интегрирање и членство во Унијата без право на глас за земјите-кандидатки.

Ставот на Македонија ќе биде познат по објавувањето на документот, истакна премиерот Мицкоски посочувајќи дека треба да работиме да ја оствариме втората стратешка цел, полноправно членство во ЕУ, што нема да биде лесна задача.

ТЕХНИЧКА ВЛАДА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ, ПОТОА УКИНУВАЊЕ

Исцрпено е времето за техничка влада, што се потврди и со последната порака од Советот на Европа за затворање на мониторингот за Македонија како зрела демократија.

Сепак, на следните парламентарни избори ќе има техничка влада, а потоа СДСМ нека си се стегнат и нека си победат на избори, па веќе од следните избори „Пржинската влада“ да не важи, оти како што ѝ порача на опозицијата премиерот Мицкоски: „Не можам за нив да победувам на избори“.

Пронајдете не на следниве мрежи: