Мицкоски: Мерките даваат резултати, инфлацијата е ниска

Мерката што ја презеде Владата за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти за нафтените производи, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и за дизелот и за безоловните горива, придонесе за една од најниските стапки на инфлација на месечно ниво, изјави денес од говорницата на македонското Собрание, премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи му на пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, во врска со мерките што ги презеде Владата за справување со кризата, тој одговори дека мерките што ги презеде владата на СДСМ и ДУИ резултираа со долгови и до ден денес тие се враќаат.

„Од тогаш до денес ги плативме вашите мерки, еве го данокот на солидарност, сега ја вративме првата рата од 20 милиони евра, сега втората рата од 20 милиони евра. Тие мерки ги видоа граѓаните и во неколку изборни циклуси по ред го даваат одговорот за мерките од времето на Владата на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека кога опозицијата прави споредба на мерките и економијата, треба да прави споредба на реалните параметри. 
The post Мицкоски: Мерките даваат резултати, инфлацијата е ниска appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: