Мицкоски му забележа на Шаќири за значката со албанското знаме, па му дадоа да ја смени со македонското знаме

На седницата за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски му забележа на пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари дека на реверот носи значка со албанското знаме. Мицкоски му посочи на Шаќири дека плата добива од буџетот којшто го полнат сите граѓани.

-Носите значка само со албанското знаме. Последно што знам вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот којшто го полнат сите граѓани без оглед на етничката припадност. Можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но вие таа можност ја пропуштивте- му рече Мицкоски на Шаќири.
Пратеникот одговори дека знамето е негов национален симбол и дека се гордее дека е Албанец.
-Го носам мојот национален симбол и се гордеам дека сум Албанец. Ова ми го даде претседателот на Албанија. Кога вие ќе ми донесете значка со Република Северна Македонија, на идната седница ќе ја носам и неа. Но дека сум космополит сум докажал со својата работа. Јас сум лице кое никогаш не правело поделби врз верска и етничка основа – рече Шаќири.
Неколку секунди подоцна, за време на неговиот говор, му беше врачена значка со македонско знаме кое тој веднаш го закачи на сакото.

Пронајдете не на следниве мрежи: