Мицкоски: Му честитав на Радев, со нетрпение очекувам да разговараме за сите теми

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува подобрување на односите со Бугарија, а тоа го припишува на, како што рече, „котистите“ од СДСМ кои, според него, им служат на странски интереси и ги продаваат националните интереси на Македонија за „жолти елеци“.

Мицкоски изјави дека не гледа пречка да го покани бугарскиот премиер Румен Радев на состанок за да се разговара за сите прашања.

„Што се однесува до г-динот Радев, кога победи, му се јавив следниот ден наутро, му честитав и му посакав успешни соседски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме соседските односи и да разговараме за темите за кои треба да разговараме“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Му честитав на Радев, со нетрпение очекувам да разговараме за сите теми appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: