Мицковски не знае како да ги намали функционерските плати

Запрашан дали ќе се намалуваат платите на функционерите, премиерот Христијан Мицкоски во подкастот „Претрес“ рече дека ќе се намалел коефициентот со што платите немало повеќе да растат.

„Ќе го намалиме коефициентот, платите не можеме да ги намалиме. Ќе го намалиме коефициентот со што ќе се замрзнат платите, нема да се покачуваат. За во иднина ние мора да направиме систем за плати и мислам дека треба да има систем за исти коефициенти на различни места“, изјави Мицкоски.

На коментар од водителот дека граѓаните имаат ниски плати и на прашањето дали тој би можел да преживее еден месец со минимална плата, Мицкоски се наврати во својата младост спорелувајќи дека тој работел и две работи во исто време.

„Малкумина знаат, ќе споделам, јас работев кога се вратив од студискиот престој во Италија во една компанија ФОНКО и тоа беше супер успешна компанија, платата ми беше огромна во тие услови, можеби, последниот месец со се наградата која ја добивав достигна до 118.000 денари. Ова пред повеќе од 20 години, кога и парите имаа поголема цена. Јас дадов отказ, напуштив, бев избран како асистент на машинскиот факултет кај професорката Емилија Ветаџокоска и мојата прва плата беше 15.000 денари, како асистент. Првата година кога со сопругата запловивме во брачни води, кога се роди сега повозрасниот син Јован таа работеше во гимназијата Орце Николов за 4.000 денари, а јас работев на машинскиот факултет како асистент, малку ми порасна платата на 18.000 денари. И бидејќи тоа не ни стигаше работев двојна работа, во канал на А –тест во машинскиот факултет прегледувавме возила, камиони и заработував уште една плата. Сакам да кажам дека ако нешто не ви е доволно треба да се борите за да дојдите до тоа што ви е доволно“, порача Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи: