ФЕЈСБУК ОФАНЗИВА: Мицкоски од Тошковски бара имиња и презимиња и одговорност за криминалци

Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции не заборавме на клучниот сегмент од нашата агенда, а тоа е борбата против корупцијата и организираниот криминал. Ова на неговиот фејсбук-профил го напиша премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека денеска се сретнал со министерот за внатрешни работи Панче Топковски, со цел, како што вели, да се адресира оваа значајна тема.

„Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. Само така државата ќе направи повеќе за народот“,напиша Мицкоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.