Премиерот Христијан Мицкоски го потсети владиниот партнер од Вреди Билал Касами дека само тој како премиер е надлежен за кадровските решенија во Владата. Потсетувањето од премиерот следи откако Касами изјави дека се подготвува можна смена на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бидејќи не е задоволен од неговата работа во извршната власт. Судирот меѓу Касами и Лимани кулминира по локалните избори откако министерот кој беше кандидат за градоначалник на Кичево ги изгуби изборите.
-Не, јас немам ваква информација. Јас сум задоволен со работењето на господинот Фатмир Лимани и мислам дека е додадена вредност во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам Владата, ако некој тоа го заборавил, да го потсетам – одговори Мицкоски.
Касами во гостување на ТВ21 најави дека за вечерва го свикал Централното собрание на Беса за да разговараат за ефикасноста на нивните функционерите во Владата.